More

    Албански медиуми: Албанската опозиција повторно со нереди во собранието; изгласан буџетот среде хаос; Интерпол распиша потерница по Радоичиќ

    Во албанското собрание опозицијата и денеска го повтори сценариото на хаос, со превртвување столчиња и физички судир со Гардата на републиката.  Интерпол распишал налог за апсење на санкционираниот од САД и Велика Британија, Милан Радоичиќ, организаторот на нападот на Бањска.

    Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

    АЛБАНИЈА

    Газета Шќип: Опозициските пратеници го започнаа сценариото за хаос со превртување на столчињата и физичко судирање со гардата, изгласан буџетот

    Пратениците од опозицијата денеска почнаа со своето сценарио на хаос, бидејќи се очекува член по член да се изгласа буџетот за 2024 година во Парламентот на Албанија.

    Она што денеска се виде е висок  број на вработени во Гардата на Републиката, пренесе Газета Шќип.

    Во меѓувреме, буџетот за 2024 година се изгласа во неколку кинути, среде хаосот од опозицијата.

    Еуроњуз: На трката за последните 3 слободни места во СПАК, реагираат од амбасадата на САД

    Амбасадата на САД во Тирана реагираше во врска со процесот за пополнување на испразнетите места во Специјалното обвинителство, СПАК.

    Преку објава на Икс (поранешен Твитер) на официјалната веб-страница на американската амбасада, се вели дека САД очекуваат пополнувањето на последните 3 слободни места во СПАК да резултира со „избор на оние најквалификувани обвинители со највисоки нивоа на храброст, професионализам, интегритет и независност“, пренесе Еуроњуз.

    КОСОВО

    Газета Експрес: Интерпол распиша потерница по Милан Радоичиќ

    Интерпол распишал налог за апсење на санкционираниот од САД и Велика Британија, Милан Радоичиќ, дознава КосоваПрес од извори во надлежните институции.

    Радоичиќ неодамна беше виден во манастирот Бањска на северот од земјата, каде престојуваа српските терористи, по терористичкиот напад во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, пренесе Газета Експрес.

    Телеграфи: Полицијата заплени воени униформи и илегално оружје  во акција северно од Митровица

    Во ненаселена куќа, при претресот, полициските единици пронајдоа и одзедоа неколку воени униформи (полициска кошула, три пара зелени војнички панталони, пет војнички кошули, две мали чанти, еден пар пластични лисици и торба со бомба).

    Според извештајот на косовската полиција, познато е дека случајот се случил во средата околу 14:35 часот, во северна Митровица, пренесе Телеграфи.

    Бота Сот -Рохде: Ако дијалогот оди во вистинската насока, петорката на ЕУ ќе го признае Косово

    Амбасадорот на Германија во Приштина, Јорн Роде, изјави дека напредокот во процесот на дијалогот со Србија може да донесе и признавање на независноста на Косово од петорката која не ја признава Европската унија.

    Рохде изјави дека главниот начин да се убедат земјите од ЕУ е да се покаже дека Косово прави се за да го реши конфликтот, пренесе Бота Сот.

    КОЛУМНА

    Нистори: Дали навивачите можат да бидат поддржувачи на протестите?!

    Накратко, со големиот пад на општествениот живот и апатијата на другите граѓански институции (во Албанија тоа е очигледно, бидејќи нема синдикати и здруженија за соработка, а религијата не инспирира како порано) кои досега служеа како сидрото на заедницата, фудбалот, и покрај глобализацијата, продолжува да биде географски вкоренет и може да дејствува како собирна точка за идентификација и солидарност. А, има ли подобар резервоар за политика од навивачите, пишува авторот Бен Андони во колумната „Дали навивачите можат да бидат поддржувачи на протестите?!“, објавена во Нистори.

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version