Последни написи

Конференцијата „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина’’ – е поттик а не страв за иднината

На 2 и 3 Декември 2023 година, во Скопје се одржа регионалната конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина’’.Конференцијата беше организирана од страна на Институтот Прогрес и фондацијата „Калеви Сорса’’ од Финска.

На конференцијата земаа учество домашни и странски експерти кои говореа што значи за Република Северна Македонија да влезе во Европската Унија и како државата да има прогрес и подобра иднина за граѓаните.
Европската политика мора да има храба политкаа на проширување кон Западен Балкан. Република Македонија мора да ги искористи сите инструменти: план за раст, отварање на преговори и нивна реализација за да стане членка во 2030 година на ЕУ. Доколку се пропушти овој план за реализација тоа би значаело државата да се врати наназад и да се влошат регионалните односи.

Во Рамките на конференцијата говореа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, проф.д-р Никола Дујовски како и Киммо Килјунен – членот на парламентот од Финска.

„Тој нов моментум е за нас шанса, многумина се плашат и секако дека не е фер Украина и Моладавија кои немаат ни почнато преговори да бидат третирани како фронтранери или како најнапредни кандидати иако знаеме каква е состојбата во државите но тоа е давање на поттик да ги стасаат оние пропуштени години на реформи и пропуштени години со Русија .За нас државите на Западен Балкан тоа треба да биде третирано како шанса, а не како страв бидејќи не е важно причината зошто се отвара вратата за нови членки, важно е да ја отвориме врата за нови членки “ – истака заменик претседателот на Владата за европски прашања – Бојан Маричиќ на регионалната конференција

На регионалната конференција имаше учесници од регионот и тоа од : Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Маричиќ рече „„ Јас сум сигурен дека Република Северна Македонија ќе ја искористи шансата да избере опција на долг рок за прогрес а тоа е членството во ЕУ’’

Latest Posts

Не пропуштај