Последни написи

Mаричиќ: Ние се бориме да ја спасиме државата од национализам, од конфликт и од омраза

„Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што сум убеден дека ќе успееме, заедно со граѓаните демократи“ напиша на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Брисел.

Тој во Брисел учествуваше на семинар на тема: „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ во организација на пратеничката група Социјалисти и демократи од Европскиот Парламент.

„Денеска од Брисел порачуваме дека прогресивната агенда е неопходна за проширувањето на ЕУ. Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира европската интеграција, како за Северна Македонија така и за земјите од Западен Балкан“ порача Маричиќ.

Тој додаде дека нема да се дозволи било кој да ја враќа државата во тунелот во кој се наоѓавме 11 години.

Latest Posts

Не пропуштај