Последни написи

Аналитичари: Јасно е дека Американците и дел од меѓународната заедница ѝ испраќаат порака на ВМРО-ДПМНЕ дека за нив постои „црвена линија“

Нема друг пат за Северна Македонија да оди напред кон Европската Унија (ЕУ) освен уставните измени – велат високи американски и европски дипломати. За разлика од нив, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сметаат дека има друг пат, но ни кажуват, ни знаат каков е тој план и пат.

Бесим Небиу

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека последните пораки од високи американски преставници кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ се најдиректните упатени кон „Белиот дворец“ од 2001 година па наваму.

– Ова се најотворените и најдиректните критики на ВМРО-ДПМНЕ од страна на САД од 2001 година наваму. Јасно е дека Американците и дел од меѓународната заедница ѝ испраќаат порака на ВМРО-ДПМНЕ дека за нив постои „црвена линија“ до која можат да толерираат скршнување од западниот, евро-атлантски пат. Овие пораки се упатувани и во другите земји од регионот и се дел од политиката на западот по војната во Украина. ВМРО-ДПМНЕ, да потсетиме, веќе два изборни циклуси има повеќе гласови од СДСМ, и не успева да создаде влада ни во 2016 ниту во 2020, благодарејќи му на фактот дека нема коалиционен потенцијал со ниту една партија на Албанците. Реторика и политички пароли која го проблематизира европските вредности и ги отежнуваат ЕУ интеграциите, ќе создаде ситуација во која ќе биде тешко и за ДУИ и за партиите од опозицијата да коалицираат пост-изборно со оваа партија, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

Небиу додава дека, пост-изборното коалицирање е работа на математика и прагма, и во игра се сите комбинации, и таа со ДУИ и таа со опозицијата, зависно од изборните резултати, но натпреварот кој го води со Левица за придобивање, националистички десни и про-руски гласачи, може да ги чини ВМРО-ДПМНЕ скапо во однос на своите позиции према западот.

Зуди Џелили

Поранешниот пратеник Зуди Џелили вели дека позициите против евроинтегративниот пат на државата играјќи со националните чувства на Македонците ѝ наштетува на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на домашен и на меѓународен политички план.

– Ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ не дава никаква друга можност за надминување на состојбите и спроведување на уставните измени како резултат на францускиот предлог. На место ова, ВМРО-ДПМНЕ го избира патот на изолација и ризик. Изолацијата значи дека другите партии во земјата треба да се оградат од можна соработка со оваа анти-европска и проруска политика, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Тој вели дека не знае дали има прогресивни сили во ВМРО-ДПМНЕ, и доколку ги има, дали ќе бараат отчет за штетите што може да ги претрпи државата од ваквите ретроградни политики.

– Проевропските сили ќе застанат рамо до рамо и нема да дозволат Западен Балкан да биде место каде што ќе се развиваат експерименти од оние кои сакаат кризи и конфликти меѓу народите. Народите од Западен Балкан со нетрпение очекуваат влез во ЕУ, како единствен безбеден пат за нивната иднина, нагласи тој.

Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан зборувајќи за процесот на уставни измени и противењто на истиот процес, изјавил деке: „Не би гласал за некој што вели – имам подобра понуда, но не кажувам каква“ – аладурајќи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави О’Брајан.

Тој додаде дека граѓаните кои гласаат го прават конечниот избор, но според него луѓето не би требало да гласаат за тие кои нудат алтернатива, без да кажат што е алтернативата.

– Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа, рече О’Брајан.

Од друга страна холандскиот амбасадор во Северна Македонија – Дирк Јан Коп нагласи дека: „Не е реално тоа што го зборува Мицкоски, подобар договор со Бугарија не можете да добиете“.

Извор: Фронтлајн

 

Latest Posts

Не пропуштај