Последни написи

Албански медиуми: Во Приштина сенароден протест за безбедноста на жените; нема консензус за Заедницата; почина големиот албански уметник Мируш Кабаши

Во Приштина денеска ќе се одржат протести за соодветно третирање на фемицидот и родовото насилство. Ова  е еден од многубројните протести во Косово преку кој општеството го искажува своето незадоволство за институционалното третирање на фемицидот и родовото насилство, а овој пат доаѓа по убиството на Лиридона Адемај, нарачано од сопругот.

Во косовскиот парламент нема консензус за содржината на нацрт предлогот за Заедницата, бидејќи таа не е објавена од страна на Владата.

Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Факти Дитор: Денеска сенароден протест, под мотото „Нема мир без безбедност на жените“

Колективот за феминистичка мисла и акција денеска организира сенароден протест со мотото „нема мир без безбедност на жените“.

„Ве известуваме дека овој вторник, 5 декември, со почеток во 18:00 часот, свикуваме народен протест на плоштадот „Захир Пајазити“ во Приштина. Повикуваме на организирање и акција насекаде низ Косово да се собереме и едногласно да кажеме дека нема мир без безбедност на жените и да бараме родовото насилство и фемицидот да се третираат како национална вонредна состојба!“, се вели во соопштението.

Неделава бевме известени дека полицаец силувал малолетничка во Ѓаковица, а во Приштина маж платил за убиството на сопругата“, се наведува во соопштението, пренесува Факти Дитор.

РТВ 21: Нема консензус за содржината на нацрт-статутот на Заедницата

Иако посредникот во дијалогот Косово-Србија, Моролсав Лајчак, пред денови до сите опозициски партии во Косово испрати копија од нацрт-статутот на Заедницата на општини со мнозинско српско население, Владата се уште официјално не го обелодени. Следствено, Владата не посочи кога нејзината содржина ќе биде испратена на толкување до Уставниот суд. Во меѓувреме, опозициските партии изразија загриженост за содржината на нацртот, пренесе РТВ 21.

Инфокус – Се зголемуваат случаите на убиства на жени, поранешен директор Мујку: На институциите им недостига кадар за подготовки

Поранешниот директор на Центарот за социјална работа во општина Приштина, Веби Мујку, во изјава за Економија онлајн вели дека случаите на убиства на жени и семејно насилство добиваат големи размери.

Мујку рече дека овие случаи генерално се запоставени од институциите и дека повеќето од институциите имаат недостиг на кадар и недостиг на професионална подготовка за постапување со овие случаи, пренесе Инфокус.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: 52 отсто од граѓаните велат дека биле притиснати од јавните функционери да дадат мито, но се зголемува довербата во правдата

Најновиот годишен извештај за следење на корупцијата во Албанија забележува намалување на притисокот од функционерите врз граѓаните да примаат мито за 5 отсто. Значителен дел од граѓаните анкетирани од Центарот за економски истражувања, околу 52 отсто од нив, потврдуваат дека имале притисок од јавни функционери да дадат мито во замена за решавање на проблем и за добивање јавни услуги, пренесе Балкан Веб.

Шќип: Почина големиот албански актер Мируш Кабаши

Познатиот актер, Мируш Кабаши, почина на 75-годишна возраст. Веста ја соопштија членовите на неговото семејство кои преку известување соопштија дека Кабаши денеска на полноќ ги затворил очите.

Мируш Кабаши е роден на 17 април 1948 година во Скадар и израснал во Драч. Тој е албански актер. Неговото потекло е од Ѓаковица. Глумел  околу 100 улоги, во театар и филм. Честопати бил водител на бројни уметнички активности. Кабаши е опишан како еден од најголемите толкувачи на поезијата во Албанија. Има дадено голем придонес во албанската филмографија, пренесе Шќип.

КОЛУМНА

Сури нет: Мешање верски фундаментализам со примитивен национализам

До времето на [Вук] Караџиќ, битката за Косово немаше централно место во српската епска поезија. Наместо кнезот Лазар, главен српски епски херој бил Марко Кралевиќ, српски вазал на султанот. Бидејќи се борел за и против своите господари во Истанбул, принцот Марко служел како посредничка фигура меѓу османлискиот свет и српскиот православен свет, пишува авторот Даут Даути во колумната „Мешање верски фундаментализам со примитивен национализам“, објавена во Сури нет.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај