Последни написи

Петров: Уставните измени не го засегаат идентитетот, тие ги отвораат вратите на ЕУ и се многу помалку од она што други држави направиле за влез во ЕУ

„Имајќи ги предвид тврдите ставови на опозицијата простор за преголем оптимизам нема. Но она што сакам да верувам дека на крај сите ќе се надминат себе си, и имајќи предвид што значат уставните измени. Уставните измени не го засегаат идентитетот, уставните измени се работа која ги отвора вратите на ЕУ,тие се нешто што многу помалку од она што многу други земји требале да го направат за да влезат во ЕУ,почнувајќи од Британија завршувајќи со Словенија,“рече Андреј Петров, член на ИО на СДСМ во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Тој се осврна на изјавите на секретарот на САД Блинкен и канцеларот Шолц и сите кои имаа можност да се изјаснат за ова прашање, дека предлогот е тој и истиот е непроменлив и е во интерес на Македонија, пред се имајќи предвид каква беше претходната позиција на Бугарија.

Извор: ТВ21

Latest Posts

Не пропуштај