Последни написи

Внимание:Кој ќе ги плаќа униформите за учениците, родителите или училиштата?

Повеќето испитани граѓани во анкетата „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“ сметаат дека учениците не треба да носат униформи во училиште, но доколку сепак се воведуваат тие да бидат платени од буџетите на училиштата, општините или државата, а не родителтие сами да ги купуваат.

Граѓаните исто така сметаат дека во носењето на одлука за носење униформи во училиштата не треба да учествуваат само родителите, или училиштето, или градоначалниците, туку пред се, самите ученици.

Повеќето интервјуирани граѓанки и граѓани се против носењето униформи во училиште. Некои пак, укажуваат дека „секој има право и слобода да носи што сака“, дека униформата ја одзема „автентичноста на личностите“, а други укажуваат дека „облеката не го прави човекот“.

Според дел од испитаните граѓани униформите се од некое поранешно време, кое е цела епоха подалеку од сегашното и сметаат дека не е потребно униформирање, туку секој да си го задржи својот идентитет.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

YouTube player

 

Извор: ТРН

Latest Posts

Не пропуштај