Последни написи

Калеска-Ванчева: Дијалогот во Собранието не подразбира блокади

Имевме многу обиди во овој мадат во Собранието низ дијалог да дојдеме со решенија кои ќе бидат добри за граѓаните, но дијалог не подразбира блокада на работата, а тоа е она што Левица го прави, вели Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ во интевју за Слободен печат.
Во интервјуто таа се осврна на работата на пратениците од овој мандат кои во изминатите четири години работат во доста невообичаени околности, почнувајќи од пандеијата , вонредните мерки и секако економската и енергетска криза кои следуваа потоа.
-Дијалогот на подразбира блокада , а тоа го прави Левицата, конкретно со носењето за Деловникот за работа за кој имаме консензус да го донесеме. Не е пријатен ниту вокабуларот кој се користи во Собранието. Не е пријатно и вознемирувачки е да се гледа како се крши опрамата, но ние одбиваме да се плашиме од сето тоа, вели Калеска-Ванчева за Слободен печат.

Извор: СлободенПечат

Latest Posts

Не пропуштај