Последни написи

Ковачевски: Мерките овозможија забавување на инфлацијата, сега продолжуваме со поддршка на ранливите категории

„Мерките коишто ги презедовме лани и годинава даваат резултати. Претходните пакети антикризни мерки од над 760 милион евра, којшто од Светската банка беше оценет како највисока буџетска поддршка во регионот. Помогнавме и на граѓаните и на компаниите, на економијата и на државата. Обезбедивме полесно функционирање за сите“, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција одржана денес.

Тој оцени дека мерките овозможиле забавување на инфлацијата, стабилно снабдување со електрична енергија и ублажување на ценовните шокови.

„И тогаш предвидовме субвенции за пензионерите, за ранливите, ја субвенциониравме струјата, предвидовме субвенции за основните прехранбени производи, ја реализиравме програмата за енергетска сиромаштија и ги покривме значителен дел од трошоците на компаниите за струја со што ги задрживме работните места и ја поставивме економијата на здрави нозе“, рече Ковачевски пред новинарите.

Премиерот истакна дека се продолжува со таргетирана конкретна поддршка за ранливите категории граѓани, за учениците, студентите, пензионерите, корисниците на социјална помош, граѓаните со посебни потреби, самохраните родители, домаќинствата со ниски приходи, земјоделците, како и со поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција.

„Помагаме на сите за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, како и во услови кога имаме продолжени ефекти од енергетската криза. Истовремено, преку економски оправдани политики, ја осигуруваме макроекономската и фискалната стабилност на државата“, рече Ковачевски нз прес-конференцијата.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај