Последни написи

Дигитални измами: Повторно стигнуваат лажни СМС пораки за погрешни пратки, граѓаните да бидат внимателни

Денеска повторно стигнуваат пораки со кој корисникот е информира дека неговата пратка е заглавена и каде е наведен линк на кој најверојатно се бара корисникот да внесе лични и финансиски податоци.

За разлика од претходниот пат, сега пораката е посодржајна, се наведува Пошта на Северна Македонија како испраќач, но сепак повотрно има одредени граматички и правописни грешки какви што имаше и во претходните вакви пораки.

Бројот од каде се испраќа оваа порака е +60 што е појдовен префикс за азиската држава Малезија.

Во последните неколку месеци се случија десеттина вакви напади, по што измамени и финансиски оштетени беа стотици граѓани во Македонија.

Извор: 24инфо

Latest Posts

Не пропуштај