Последни написи

Д-р Манолева: Здравствените власти, преку трибини во месеците октомври и ноември ги информираат граѓаните за машкото и женско здравје

„Важно е ние како здравствени власти да испратиме точни и јасни инфомрации до нашите граѓани за машкото и женско здравје – како да ги препознаат симптомите и да побараат помош’’, истакна заменик-министерката за здравство, д-р Маја Манолева при гостивањето во „Студио 10’’ на ТВ 24.

Д-р Манолева ја истакна главната поента на трибините што се организираат ширум земјата со цел да се информираат граѓаните за тоа како да се превенираат болестите и за двата пола, а посебно го стави акцентот на скриниг програмата – комплетната партиципација е покриена од страна на Министерството за здравсто.

Манолева рече дека се набавени нови дигирални мамографи од страна на Владата и Министерството за здравство – кои ќе бидат достапни и во поголемите центри во државата

„Превенцијата е важна и раното откривање на многу болести е клучно – заради тоа и ги органзираме и трибините со цел да се направи апел до сите наши граѓани да се јават на преглед’’, рече Манолева.

Извор: ТВ24

Latest Posts

Не пропуштај