More

    Лукаревска: Во Собранието гледаме кој ѝ мисли добро на државата, а кој крши и уништува

    Видовме во јавноста кој колку си ја сака државата пред неколку дена во Собранието, имавме прилика да видиме како се крши и уништува, а тоа е добар показател да се види кој и мисли добро на државата’’, истакна заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во утринската емисија на „Слободен печат“.

    Таа додаде дека опозицијата, наместо да се залага за подобра перспектива на државата, преку нивните антиевропски политики ја враќаат државата назад и ја држат во изолација како во времето пред 2016 година, кога владееше криминалот и режимско владеење.

    „Исклучиво разговаравме со важни ЕУ лидери, излеговме од изолацијата во којашто бевме до 2016 година, а тоа значи само едно : секогаш на страна на граѓаните, со што и покажавме во текот на нашиот мандат преку: зголемување на минималната просечна плата, пензиите, воведувањето на пакет на антикризни мерки и мерки за време на енергетската криза – е показател дека имаме едно општество за сите “, рече Лукаревска.

    Таа додаде дека конзистентноста во остварување на проектите е само резулат на успешно креирање на политики во текот на овие 7 години на власт – а тоа е предуслов за да имаме едно општество за сите.

    „Јас сум убедена дека престојните избори ќе бидат во корист на СДСМ и ќе добиеме повторна шанса од граѓните ‘’, истакна Лукаревска.

    Извор: СлободенПечат

    Exit mobile version