Последни написи

Костадиновска-Стојчевска: Колективниот договор во културата обезбедува постојани покачувања на платите

„Имавме ситуации каде докотори по наука по етнологија, но и археолози, конзерватори, долги години заработуваа плата која беше под секое ниво на она образование што го имаат. Сега со секој буџет прво се обезбедува проектираното зголемување на нивните плати“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на „Слободен печат“, која денес се реализираше во соработка со „Градска.мк“.

Таа додаде дека колективниот договор е придобивка која културните работници ја имаат и е обезбеден од оваа власт во 2019 година, а за неговата вредности говори и фактот што останатите земји во регионот го разгледуваат за да го имплементираат кај нив.

Министерката додаде дека недоразбирањето во септември во врска со покачувањето согласно општиот колективен договор е разрешено и потенцираше дека општиот колективен договор е засебен документ и не го заменува колективниот договор за култура.

„Прв пат по долги години сектор култура доби исплата на регрес за годишен одмор или К-15. Низ некои неформални разговори со вработените, тие се присетија дека последниот регрес за годишен одмор им бил во 2004 или 2005 година, но не можеа да се сетат дали бил во пари или во продукти“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Во нејзиното гостување во „Слободен печат“, министерката исто така истакна дека со измените на Законот за игри на среќа ќе се обезбеди фонд за стипендирање на студенти за дефицитарни кадри.

„Имаме идентификувано осум такви струки. Студентите со овие стипендии од прва година ќе имаат можност да знаат во која институција ќе работат и практичната настава ќе ја изведуваат таму“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека дополнително ќе се обезбеди и фонд за заштита на културното наследство, со цел обезбедување средства за одржување, реконструкција и одржливост на културното наследство.

Извор: СлободенПечат

Latest Posts

Не пропуштај