Последни написи

Коциќ, СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи ја злоупотребуваат анкетната комисија за Онкологија

ратеникот Ненад Коциќ од СДСМ рече дека пратеничката Рашела Мизрахи ја злоупотребува својата позиција во анкетната комисија за Онкологија и побара нејзина оставка.

„Ова е злоупотреба на политичката функција која ѝ ја довери Собранието. Даде пауза од еден нас, а еве помина уште половина час после тоа, нема ниту еден од колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Нив не им се во интерес ни вистината, ни пациентите, единствено собирањето политички поени“ рече Коциќ.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е неодговорна партија која се служи со лаги и дезинформации и ги злоупотребува своите позиции и побара оставка од Мизрахи.

„Таа ја злоупотреби својата функција на сметка на пациентите и вистината. Своите заклучоци ги презентира како заклучоци на комисијата, а сега бегаат од продолжение, бидејќи нема што да кажат за да го оправдаат своето однесување“ рече Коциќ.

Пратеничката група од СДСМ потенцира дека ваквата политичка злоупотреба не им одговара ниту на пациентите, ниту на здравството.

https://www.facebook.com/share/r/qQCaMibmZQbou4Uk/?mibextid=WC7FNe

Latest Posts

Не пропуштај