More

    СДСМ за можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица: Ќе оди ли и Мицкоски да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа?

    Мицкоски ги сруши сите лажни маски на ДПМНЕ и ја призна желбата за коалиција со Левица, рече на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

    „Наутро ДПМНЕ праќа соопштение против Левица а попладне Мицкоски зборува за коалиција со анти ЕУ и анти НАТО партија. Бадијала се сите соопштенија на ДПМНЕ, изјавата на Мицкоски ги потопи сите. Остана неодговорени прашањата за кои вредноси е спремен Мицкоски за дилот со Левица. Дали се тоа вредностите на Левица против НАТО или против ЕУ? Или вредностите на диктаторот Енвер Хоџа ќе ги преговара Мицкоски на маса со Левица? Ќе оди ли Мицкоски следната година да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев?“, праша Каевски на прес конференцијата

    Според него, овој развој на настаните „не е за изненадеување“. Каевски за Левица рече дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, односно ги спореди со „лонче и капаче“, констатирајќи дека „желбата за изолација на земјата и тортура врз неистимисленици им е заедничка матрица“.

    „Почитувани граѓани, се потврди се она што го говоревме. Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата“, оцени портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски на прес конференцијата.

    Р.С

    Exit mobile version