More

    Блинкен доаѓа во Скопје на Самитот на ОБСЕ

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ќе учествува на самитот на ОБСЕ, кој се одржува во Скопје на 30 ноември 2023. Ова го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи, на прес-конференција која се одржа денес.

    На Самитот се очекува учество на министрите за надворешни работи на сите европски држави.

    На денешниот брифинг за новинарите во А1 салата „Борис Трајковски“, Османи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во моментот не може да каже во кој дел од трите дена би бил присутен Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Руската федерација. Притоа, Османи информираше дека не се очекува присуство на сите министри за времетраењето на целата конференција.

    По почетокот на руската агресија врз Украина, Самитот на ОБСЕ во Скопје би бил втор настан на којшто ќе присуствуваат и Блинкен и Лавров.

    Поради одржувањето на Самитот, пред две недели Владата донесе одлука 30 ноември да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта во градот, и препорача и приватниот сектор да ги ослободи тој ден своите вработени. Оваа одлуката не се однесува на градинките и здравствените установи, коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето за да обезбедат непречено функционирање.

    Гостите на Самитот се очекува да почнат да пристигнуваат на 28 ноември, во вторник. Ден потоа, на 29 ноември ќе се одржи неформалната вечера на лидерите, а формалниот дел на Самитот се одржува на 30 ноември и 1 декември.

    Р.С

    Exit mobile version