Последни написи

(Видео) Проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ стои во место, машините не работат, граѓаните гневни

Повеќе од две години булеварот „Борис Трајковски“ стои нечепнат од страна на Град Скопје.

Претходниот градоначалник Петре Шилегов, го започна проширувањето во јуни 2021 година,кое е во делот од крстосницата кај населбата Пинтија до мостот на Маркова река пред населбата Драчево во должина од 2.325 метри.

По преземањето на власта, актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска неколку пати вршеше увид во проектот, најавуваше негова брза реализација, но и ден ден оваа клучна сообраќајница е нефункционална.

За причините за доцнењето на изградбата, Арсовска се правда со наводно неплански почеток на градбата, нерешавање на имотно-правни односи и други предизвици, кои таа како што рече ги решавала.

Но, иако имаше две години да ги надмине предизвиците, овој проект стагнира и предизвикува отежнато движење на околу 50.000 граѓани кои го користат булеварот.

Денеска, 24инфо.мк направи обиколка на локацијата, пред влезот во Драчево и глетката е иста како и во последните десеттина месеци.

YouTube player

Раскопани улици, песок, машини на кои никој не работи и отсуство на работници.

Автомобилите, комбињата, камионите со  тешкотии се пробиваат низ раскопаните делници, прашина се крева од сите страни и се вози крајно небезбедно.

Огради долж трасата што треба да се прошири се уште стојат, а изведувањето на подземната инфраструктура воопшто и не е започнато. Се на се, булевар „Борис Трајковски“ е во речиси иста состојба како што Арсовска го наследи кон крајот на 2021 година.

Сето тоа предизвикува револт кај граѓаните што ја користат оваа сообраќајница.

„Ние веќе се навикнавме да возиме по ваква крш улица, ама срамота е во 21 век со години да се чека за километар два нов асфалт“ вели Мирослав, кој работи како дистрибутер и секојдневно минува по овој булевар.

„Најлошо е кога ќе заврне, тогаш еден километар го возиме и по пола саат“ кратко ни одговори граѓанка која побара да биде анонимна.

Покрај овој булвар, во Скопје заглавени се уште неколку важни сообраќајници, како клучката кај Момин Поток, мостот на булевар АСНОМ како и мостот „Беласица“ каде се уште се вози по една коловозна лента.

Извор: 24инфо

Latest Posts

Не пропуштај