More

    Роднински тендери во Конче – Градоначалникот Ристов сите градежни работи ги дал на една фирма

    Секој градоначалник кој доаѓа на функција, доаѓа со цел да работи подобро отколку што било претходно. Таков е случајот со градоначалникот на Конче, Златко Ристов, кој во својата кампања ветуваше инфраструктура, улично осветлување, канализација и сто други работи.

    Меѓутоа тој за да може да ги реализира некои од градежните зафати склучил договор со една фирма, односно Техноинжинеринг – Дооел Радовиш за реализација на многу работи кои потоа општината треба да ги плати, а кои се со милионски суми.

    Според информациите на Градска.мк се работи за фирма што сопругата на Управителот на фирмата е и Раководител на одделение за финансиски прашања во општина Конче.

    Таков е на пример договорот склучен меѓу општината и Техноинжинеринг – Дооел Радовиш за изградба на потпорни ѕид на дел од од улицата во село Конче. Од документот се дознава дека се работи за средства кои се предвидени во Буџетот на општина Конче за 2023 година, во вредност на  2.187.839.50 без ДДВ, односно 2.581.650.61 денари со ДДВ.

    Според договорот овој потпорен ѕид требаше да биде готов за два месеци, кои истиот не е ниту почнат.

    Во друг договор градоначалникот Ристов склучил договор со истата фирма за уредување на јавни површини – тротоари, пешачки патеки, паркинзи и друго во општина  Конче, но не се споменува рокот на завршување на работите, што се подразбира дека завршувањето на работите зависи од желбата на фирмата.

    А вкупната сума за изведувачот на овие работи е 5.932.203.00 денари без пресметан данок на додадена вредност, односно 6.999.999.54 денари со пресметан ДДВ.

    Понатаму според еден дел на договорот што е нејасен се споменуваат единични цени во корегирана вредност.

    „Единичните цени за изразување на пооделните фази и позиции од договорените работи се дадени во корегирана понуда со вредност од 2.107.60 денари, односно 2.486.97 денари со пресметан ДДВ, согласно поднесената понуда по завршената е –аукција на ЕСЈН и добиен Извештај од спроведена постапка“, се вели во договорот.

    Последниот договор се работи за реконструкција на улица 2 во село Конче, општина Конче, кој што изведувачот тебаше да го направи во рок од три месеци, а вкупната вредност на работите без ДДВ изнесува 5.295.215.50 денари или 6.248.35429 денари со ДДВ.

    Слики како е на терен:

    Извор: Градска

    Exit mobile version