More

    Расистички и националистички испад на Славески од ВМРО-ДПМНЕ

    Славески ги претставува Ромите како џаболебари, неработници и уживатели на социјална помош кој се терет на државниот буџет. Додека за странските работници кои претежно работат на градежните објекти вели дека се бегалци или мигранти кои засега се тивки и нечујни, но дека нема да бидат и во иднина.

    Претседателот на Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески со навредливи и расистички изрази кон ромската етничка заедница и странските работници во земјава.

    Тој на својот Х (икс) профил пишува за некаков си „македонскиот парадокс“ кој го забележал по улиците на главниот град, односно дека забележал црномурести млади мажи (мисли на Ромите и наводни мигранти) дека се на секој агол во градот.

    Ромите ги претставува како џаболебаринеработници и уживатели на социјална помош кој се терет на државниот буџет. За странските работници, пак, кои претежно работат на градежните објекти, вели дека се бегалци или мигранти кои засега се тивки и нечујни, но дека нема да бидат и во иднина.

    Повторно, ВМРО-ДПМНЕ почнаа пред избори да ги заплашуваат граѓаните со измислени мигранти и бегалци!

    „На секој агол од градските крстосници, од утро до мрак, црномурести млади мажи (и јас сум црномурест, но не млад (тажно емотиконче)) агресивно, со шише вода и со валкан сунѓер, се нудат да ни ги исчистат стаклата од автомобилите за 10 денари. Притоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а најмногу својата безбедност.

    Во исто време, особено наутро и навечер, гледаме црномурести млади мажи, дојдени од странство, во жолти елеци, како во групи одат и се враќаат од градилиштата во главниот град. Засега се тивки и нечујни. Нема да остане така во иднина.

    Првите, т.е. нашите, добиваат социјална помош од државата Република Македонија и кажуваат дека им било “неисплатливо” да работат. Вторите, веројатно бегалци или мигранти од сопствените земји, дошле во потрага по парче леб и подобар живот. Исто како и илјадниците наши млади мажи и жени, кои заради погрешните политики ја напуштаат сопствената држава за парче леб и подобар живот во туѓина. Ова мора да се промени!“, пишува Славески, од ВМРО ДПМНЕ.

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version