More

    Кузеска: Сто дена пред изборите во 2024 година ќе има техничка влада, како што тоа го налага Законот за влада

    „Техничка Влада сто дена пред изборите ќе има“,рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија
    Таа се осврна на изјавата на премиерот Ковачевски кој потврди дека во декември ќе има лидерска средба.
    „Ова наликува на еден театар без навреда кон таа форма на култура на општественото живеење. но во политиката тоа завршува со комедија или трагедија,“рече Кузеска.
    Во врска со укинување на техничката влада, Кузеска посочи дека за следни изборни циклуси треба да се случи.
    „СДСМ во изминатите години создаде соодветни демократски услови за фер избори и може да се разговара за укинување на техничката влада но за изборните циклуси во иднина. Ова на ДПМНЕ е театар,“ рече Кузеска.

    Извор: Канал5

    Exit mobile version