More

    ВМРО-ДПМНЕ и Марко Колев ветија 213 проекти за Велес, а ги оставија велешани во мрак

    Актуелниот градоначалник на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, иако во кампањата за Локалните избори 2021 година по кои го презеде раководството на општината, на граѓаните им вети 213 проекти, две години подоцна овие ветувања останаа само на хартија, пишува во освртот на Фронтлајн.мк.

    Изминатите две години од мандатот на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Марко Колев резултират со НУЛА резултати. Иако не реализираа ништо од ветеното, Колев и ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на велешани и ги поскапеа сметките на локално ниво. На велешани локалната вас на ВМРО-ДПМНЕ им ги поскапи цените за собирање на отпад за 100 %.

    „Улиците во Велес се постојано во мрак, градот е нечист и не се развива. Иако ветуваше нова детска градинка, и ова ветување ВМРО-ДПМНЕ и Марко Колев не го исполнија“, вели за „Фронтлајн“, Д.С граѓанин на Велес.

    Даница Чадиева

    – Загрозена е сигурноста и безбедноста на граѓаните, затоа што две години Велес е во мрак, во црна темница без улично осветлување и покрај тоа што граѓаните и фирмите уредно плаќаат сметки, вели Даница Чадиева, претседателка на Општинската Оорганизација на СДСМ – Велес.

    Марко Колев и Христијан Мицкоски/Локални избори 2021

    ВМРО ДПМНЕ и Марко Колев ги изневерија велешани – за две години не реализира ниту еден од ветените проекти на локланите избори 2021 годинанова детска градинка, нова катна гаража кај авотбуската стануца во Велес, проектот за подземна гаража, Дом за стари лица, Дом за деца без родители, реконструкција на Градски парк, нова велосипедска патека, не е решен пробелмот со кучињата скитници…

    Извор: Фронтлајн.мк

    Exit mobile version