More

    Тренчевска: Системскиот раст на платите и пензиите ни беше приоритет, за година и пол пензиите пораснаа за 25 отсто

    „Кога дојдов како Министерството за труд и социјална политика пред 2 години, една од приоритетните работи и на Владата и мене ми беше Методологија, системско решение и за минималната плата и за пензиите“ рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Утрински печат“.

    Таа додаде дека и тие би сакале да направат скок на пензиите од шест илјади денари, но треба да се земат предвид сите услови на економијата и државата и токму затоа системското решение ќе даде резултати на среден и долг рок.

    „Ние ако ги погледнеме колку беа пензиите во јануари 2022 година и денес колку се, ќе видиме дека навистина имаме раст на пензиите. За година и пол растот на пензиите е 25 отсто“ рече Тренчевска.

    Министерката додаде дека како што расте просечната плата, така растат и пензиите со новата Методологија и во моментов најниската пензија е 13.200 денари.

    „Првото решение кое им е за пензионрање, износот на пензијата им е 4, 5, 8 илајди, но затоа што сме одредиле најниска граница на пензија државата ги субвенционира овие граѓани до оваа сума која денес е 13.200 денари. Не е правото остварено на овој износ, туку на многу понизок“ рече Тренчевска.

    Извор: Слободна ТВ

    Exit mobile version