More

    Мираковска до Џамбаски: Вие сте мантра која предизвикува омраза

    „Не знам дали сега или некогаш ќе имате прилика да се слушнете каков провокатор сте, како се однесувате кон вашата колешка. Вие сте таа мантра која предизвикува омраза. И ние говорот на омраза на социјалните мрежи не можеме да го запреме, бидејќи е предизвикан од вашето однесување“ му рече пратеничката Соња Мираковска на бугарскиот европратеник Александар Џамбаски на седницата на Мешовитиот комитет МК-ЕУ во Советот на Европа во Стразбур.

    Таа додаде дека не може да се запре говорот на омраза на социјалните мрежи, бидејќи е предизвикан од однесувањето на Џамбаски.

    „За пријателство се потребни две страни. Ако кон некого покажете прст, три прста покажувате кон себе. Во Бугарија работев 10 години, имам многу пријатели, кои за разлика од вас разбираат како се чувствувам – како Македонка, која зборува македонски јазик. Така ме почитуваат, така соработувавме и имавме заеднички фирми и работиме и ден денес“ рече Мираковска.

    Таа додаде дека се надева оти на местото на Џамбаски ќе дојдат луѓе кои знаат како се градат односи и со нив ќе градиме пријателства.

    Exit mobile version