More

    „Каде се ветувањата кон аеродромци?“ – герила акција во Општина Аеродром

    Граѓаните го нарекоа градоначалникот „Тимчо 0 проекти“ и го прашаа каде е исполнувањето на предизборните ветувања на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

    Ова беа пораките на транспарентите кои утринава осамнаа низ општина Аеродром утрово.

    На еден од транспарентите низ општината беше истакнато и дека сѐ уште ја нема ни ветената спортска сала „Пирин“ во Лисиче.

    Изминатите месеци, освен за нереализација на ветените проекти, реагираа и на запоставувањето на јавните површини во општината, насобраното ѓубре и неискосеното зеленило.

    Exit mobile version