Последни написи

Европскиот парламент предложи можност за укинување на ветото

Европскиот парламент предложи измени во процесот на одлучување, со што квалификуваното мнозинство ќе биде доволно за одлучување во Европскиот совет.

Тоа би значело можност за укинување на ветото, кое право да го користи секоја од 27-те земји-членки на ЕУ.

Целта на таа реформа би била подобрување на капацитетот на ЕУ и зајакнување на мислењето на граѓаните.

Дополнително, Европската комисија би се состоела од претседател и 15 комесари.

Извештајот со кој се предлага реформата беше усвоен со 305 гласа, против беа 276 претставници, а воздржани 29.

Извор: Центар

Latest Posts

Не пропуштај