Последни написи

Дезинформација е дека претседателот на ФФМ не се радува на голот на Барди

Порталот „Спорт1“ објави манипулативен текст со наслов „Зошто само претседателот на ФФМ не се радува на голот на Барди?! (ФОТО)“.

„Шефот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Твитер ја објави еуфоријата по постигнувањето на голот на Барди и притоа несакајќи го „издаде“ претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој остана ладен како шприцер во моментите на големото славје. Само тој знае зошто не се израдува на водството против една од најсилните европски и светски репрезентации“, пишува порталот.

Всушност, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини се израдувал на постигнатиот гол на македонскиот фудбалер Енис Барди. Тој на својот Фејсбук профил објави видео од голот на Барди, додавајќи коментар:

„Еден гол запали пламен радост во срцата на 30.000 навивачи на Арената “Тодор Проески” вчера! Ова е повеќе од фудбал. Се работи за секој граѓанин на Република Македонија кој верува, навива и сонува. Мали сме, но заедно сме моќни. Напред Македонија!“, пишува Сејдини.

Објавата на порталот „Спорт1“ предизвика говор на омраза по етничка основа.

На кого му оди во прилог оваа манипулативна објава?

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај