„Ако го посетите Скопје, градот кој има историја подолга од 2000 години и истражите малку пошироко на 30 минути возење е заштитетното подрачје Кањон Матка кое е богато со над 80 видови на пеперутки, прекрасна флора и фауна, дел од заштитеното подрачје Јасен, а исто така тука се наоѓа и неверојатното светско чудо подводната пештера Врело,“ истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски за ona.telegraf.rs, на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Јаневски ги посочи локалитетот Скупи-римскиот дел од Скопје, старата чаршија, манастирот Пантелејмон, како дестинациии кои треба да се видат при посетата на Скопје.
„Ако овој регион има толку многу што да покаже тоа треба да се сподели со Европа и светот. На тој начин културната и туристичката дипломатија може да помогне многу повеќе од било која друга дипломатија. Ајде да стартуваме со туристичката дипломатија затоа што таа гради мостови помеѓу луѓето, дестинациите, државите и ова е типичен пример како треба да чекориме заедно и во иднина,“ посочи Јаневски.
Извор: ona.telegraf.rs