„Ние трчајќи по национална еуфорија, голем дел од регионите во Македонија ги испразнивме. Наместо да се фокусираме кон економија, подобро образование и здравство и кон квалитетен живот, сите ако се фокусираме кон ваква еуфорија, национална и да ветуваме и да бараме“, рече генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во „Клик плус“ на ТВ21.
Во неговото гостување, тој призна дека во предизборијата се заострува и потенцира ваквата реторика и како што рече, еуфорија.
„Јас жалам зошто е тоа така. Ние треба да понудиме подобра економија на граѓаните за да ги задржиме тука, бидејќи никој не оди од тука во Германија за да има подобра химна или да има застапеност од не знам колку посто и каде“, рече Сајковски.
Инаку, токму партијата на Сајковски, ВМРО-ДПМНЕ, е политичка партија која досега била најчесто препознатлива по употреба на национални и националистички теми во изборни и партиско-политички цели.
Извор: ТВ21