Последни написи

Ковачевски: Веќе од утре ќе се формираат работни групи кои ќе работат на брзата пруга Скопје-Ниш

„Во нашата железница на коридорот 10, 32 години нема инвестирано ништо. Се работи за железница која што не е согласно со новите светски стандарди, посебно со новите ЕУ стандарди за нови железници. Затоа изминативе месеци, влеговме во разговори со Србија за продолжување на брзата пруга која што оди од Будимпешта, преку Белград до Прешево да биде направена до Скопје и каргоаеродромот Петровец“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека меморандумот е веќе потпишан и од утре ќе бидат формирани работни групи меѓу нашите желзници и железниците во Србија, во соработка со ЕУ.

„Ако го погледнете и планот за забрзан раст на Западен Балкан тој се фокусира на инфраструктурно и економско поврзување на земјите и нивно поврзување со ЕУ. Бидејќи кога зборуваме за поврзување меѓу Ниш и Скопје веќе ќе почне да се работи на изработување на физибилити студии за продолжување на брза пруга на целиот коридор 10 до границата со Грција, до Солун подоцна и до Атина и до Пиреа“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека пругата на делницата Скопје-Ниш ќе биде со брзина од 160 до 200 километри на час, како што се и другите кои во моментов се градат во регионот.

Извор: Канал5

Latest Posts

Не пропуштај