Последни написи

Љубиша Николовски: Да не се потценува претседателската функција, изборите да биде одвоени

„Добро е и демократски е граѓаните да имаат право да се одвоени изборите – претседателски и парламентарни. Ја потценуваме улогата на претседателот која е уставно посебна и загарантирана. Тој е систем за проверки на останатите власти“ рече новинарот Љубиша Николовски во „Стдудио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека не може личноста и функцијата претседател да се врзува за паријата и да се употребува за тоа.

„Досега сите изборни циклуси за претседател покажале дека претседателите добиваат поголем број гласови од политичките партии. Граѓаните ја почитуваат функцијата и сакаат да се посветат на изборот на личност и да одберат свој претседател кој во иднина ќе прави баланс или кохабитира со партијата што ќе победи“ рече Николовски.

Новинарот истакна дека никогаш не бил проблем цензусот за претседателските избори, бидејќи претседателските кандидати секогаш добивале повеќе гласови од партиите во нивните најдобри изборни циклулси.

Извор: ТВ24

Latest Posts

Не пропуштај