Последни написи

Битиќи: Граѓанскиот сектор има клучна улога во обликувањето на подобар свет

Немаше да бидам тоа што сум денес ако на почетоците на мојата активно не учествував во граѓанскиот сектор каде поминав долги години – рече заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, кој беше панелист на Националниот форум организиран од Цивика мобилитас, кој на едно место ги собра организациите од Граѓанскиот сектор да разговараат на тема „Од граѓански активизам до општествени промени- очекувањата наспроти реалноста“ – соопшти владината служба за односи со јавност.

Битиќи во неговиот осврт нагласи дека суштината на работењето на сите чинители треба да биде вклученоста, која пак од друга страна бара време.

„Животниот циклус мора да не носи низ граѓанскиот сектор за да научиме да правиме нешто и за другите, треба да не води и низ бизнис секторот за да правиме нешто и за себе, но секако, треба да е носи и во државниот сектор за да направиме нешто за општеството низ еден институционален и структуриран пристап“, рече вицепремиерот Битиќи пред многуте претставници од невладиниот сектор кои учествуваа на форумот.

Тој апелираше за поголема инклузивност на различностите во државата и за побрзо созревање како општество во целина, бидејќи негативните реакции по предлогот за либерализација на работна сила кое е подигнато како прашање за потребите на приватниот сектор во земјава, говорат дека треба уште да работиме во овој сегмент.

Битиќи на панелот, меѓу другот, рече дека со консензус и инклузивност, Владата работи на Националната развојна стратегија која со вклучување на академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор обезбедува консензус со кој ќе има јасен пат на приоритети за развојот на земјава во следните 20 години.

Како што информираше вицепремиерот, Националната развојна стратегија ќе биде заедничкиот патоказ, ќе биде стратегија која ќе делува како чадор кој обединува без разлика која партија ќе биде на власт, бидејќи јасно ќе одреди во кој дел се потребни финансии со што ќе обезбеди позитивна средина и олеснување на политичкиот дијалог за стратешките цели, и го бележи патот каде треба граѓанскиот сектор да делува.

Освен вицепремиерот Битиќи, говорници на Националниот форум на Цивика мобилитас беа и Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Љатифе Шиковска, пратеничка во Собранието, Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај