More

    Николовски: Брисел констатира дека македонското земјоделство е на вистинската европска трака

    „Брисел констатира дека македонското земјоделство е на вистинската европска трака и токму затоа забелешките се однесуваат единствено на заглавените закони во Собранието. Зошто Фарм регистарот не е префрлен од министерството во платежната агенција, зошто не е донесен законот за советодавни услуги коишто се во собраниска процедура. Има и закони коишто чекаат две години во Собранието. Меѓутоа, констатирано е и сето она што макотрпно се работеше во претходниот период. Навистина сме горди што сите овие констатации се дел од европскиот извештај којшто особено за земјоделството за Поглавјата 11, 12 и 13 го нотира тој прогрес“, изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во неговото гостување во Дневникот на МРТ 1.
    Тој додаде дека земјоделството во целост е усогласено со европската политика, особено во делот на фитосанитарната политика и дека ЕК констатира дека е воспоставен нов фито-информациски систем во последната година, дека е донесен законот за фитофармација којшто е целосно усогласен со сите регулативи на ЕУ и констатира дека целосно се спроведуваат сите мониторинг програми кои се однесуваат на делот на употреба на пестициди.
    „Се уште има простор да се работи и во поглед на фитофармација, ветеринарната и во поглед на земјоделството и рибарството“, заклучи Николовски.

    Exit mobile version