Последни написи

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ: Гласот на Сашка Цветковска не смее да замолкне

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   

„Слободата не е нешто кое ми го овозможуваш, туку нешто кое не можеш да ми го одземеш“. – Виктор Иванчиќ

Убава е оваа либертаријанска мисла на Виктор И., затоа што сите ги гледаме знаците околу нас: се случува нешто големо, масивно, опасно и неизвесно. Се случува нешто за кое неговиот облик до крај не го разбираме, ама го чувствуваме, интуитивно сфаќаме дека носи несигурност и опасност. Војната во Украина не е причина заради тоа, туку еден од симптомите на тоа. Војната во Газа исто така не е причина, туку еден од симптомите на тоа.

Од друга страна, секогаш имам тивка навика да ги забележувам „малите вести“ од маргините на општеството, вести кои ни зборуваат нешто важно за времето во кое живееме.

Сашка Цветковска е, имено, новинарка која се занимава со „истражувачко новинарство“, или барем мене ми е познато дека се занимава со тоа. Што јас мислам за Цветковска како истражувачка новинарка (а новинарството не е титула, „беџ на реверу“, туку начин на постоење), тоа воопшто не е важно; што, пак, Цветковска мисли за мене, и тоа не е важно; важно е тоа дека Сашка Цветковска од „ИРЛ“ е жртва на таа отуѓена судска власт, а со самото и жртва на онаа „десна“ Македонија која повеќе го уважува капиталот од некаква метафизичка и апстрактна слобода.

Како новинарка – и признавам, го има во себе оној „предаторски нерв“, па ги лови оние кои не се навикнати да ги ловат. А тие што се навикнати да ловат, не сакаат да бидат ловени. Се сеќавате како ни велеше крволочниот социопат Френк Андервуд, во серијата House of Cards, во онаа сцена на која ѝ се обраќа на новинарката Зои Барнс, гледајќи се себе во огледало : „hunt or be hunted“.

Сашка Цветковска, без разлика што за мене мисли, ја почитувам, посебно затоа што е жена (во оваа машко крволочно општество!) и затоа што во себе го има оној предаторски нерв. Никогаш лично не сум ја запознал, притоа, ја охрабрувам да се бори за она во кое верува.

Дали јас, пак, нешто и замерувам на флоскулата „истражувачко новинарство“, о, и тоа како! Уште Владимир Глигоров и Виктор Иванчиќ пишуваа, пред години и години, дека тоа не е чиста работа: секогаш се „дофаќате“ за некоја крупна риба од бизнисот, прибирате информации од сомнителни извори кои сакаат преку вас да се пресметаат со „бизнисменот“, а потоа крупната риба ја акате по тинтара, па најчесто бидува сешто.

За волја на вистината, сите знаеме какви се овдешните богаташи, знаеме исто така кој ги роди и испилка, ама тоа е сосема друга приказна, а нам ни недостигаат карактери за она кое во суштина е тема на овој текст. А темата на овој текст е борбеноста на Сашка Цветковска. Не е спорно дека таа жена се замери со многу луѓе на високи позиции (општествено, политички, економски). Овој случај со судијката која не може Цветковска да ја дефинира како новинарка, Судот им се заканува дека ќе им ја укине работата, е ништо друго освен еден симптом и повод за застрашување и замолкнување на долги патеки. Овој обид не е само вперен во Сашка Ц., ама исто така неслучајно таа жена е одбрана за отстрел која себе се нарекува „медиум“ – Сашка Ц. е одбрана како обид за застрашување и, последователно, покорност на останатите.

Од друга страна, вие не можете да имате ништо друго кога забревтаната „десница“ на Мицкоски се заканува на сите страни. Најпрво на удар е највиталниот и најживиот дел од општеството: интелектуалците, медиумските персони и уметниците (секоја чест на исклучоците, останатите ионака се неутрализирани, седат со шприцери по кафани или по папучи дома, ја играат улогата на домашни миленичиња, молчат и свират на quрwaц или дрвено филозофираат за „општите цивилизациски прашања, па тоа го качат низ Фејсбук мрежите, мислејќи дека така се политички „ангажирани“), само им недостигаат таргети како би било видено!

Не можете да имате состојба во која сеприсутниот страв за гол живот ги отапува општествените рефлекси кај голем број на оние кои едно време ни продаваа бубрези за својата сомнителна гласност, а денес да не го искористат ловењето во матно; правејќи сè состојбата во која денес живееме да стане „нова нормалност“, поточно редовна состојба.

И да бидеме потполно јасни: гласот на Сашка Цветковска не смее да замолкне, оти ако замолкнат сите, или замолкнат голем број на важни гласови, само еден може да се офајди од тоа. Сите знаеме кој е тоа. И знаеме како работеше заробена и полициска држава во не така далечно минато, знаеме дека во заробена и полициска држава секој час е полициски. А слободата на говор, такво нешто не постои кога сакаш да си ја зачуваш главата на рамена.

Извор: Фронтлајн

Latest Posts

Не пропуштај