Последни написи

Костадиновска – Стојчевска за прикажувањето на „Медена земја“ во Лондон: Жените во кинематографијата -силен глас на културата на секоја држава

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска изрази задоволство што британската публика имаше можност да го проследи наградуваниот македонски документарен филм „Медена земја“, кој се прикажа на Филмскиот фестивал за жени над 50 години во Лондон, (односно, WOFF) во црквата Сент Мери.

„За планираната проекција на филмот дискутирав со директорката на овој престижен лондонски фестивал Нула О’ Саливен, при мојата неодамнешна посета на Велика Британија, која ме информираше дека фестивалот има за цел да ги афирмира повозрасните жени на екранот и зад камерите. Со прикажувањето на ова филмско остварување, се афирмираше македонскиот филм и женскиот бран во македноската кинематографија, а протагонистката Атиџе испрати моќна порака од која е преточена длабоката мудрост за балансираниот пристап на човекот кон природата и за зачувување на биодиверзитетот“, објави министерката за култура на нејзината официјална ФБ страница.

Како што информира Костадиновска-Стојчевска, на фестивалот се потенцирала и тематиката која е поврзана со екологијата и предизвиците со кои се соочува планетата земја, прикажани преку дејствијата на жените над 50 години, кои се силни, храбри и инспирација за целиот свет.

Филмскиот фестивалот за жени над 50 години е поддржан и од Македонската амбасада во Лондон. По проекцијата на „Медена земја“, се одржа и панел дискусија на која учество зеде и Билјана Глигорова, вршител на работи во македонската амбасада во Лондон.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај