Последни написи

Изведувачите уверуваат: Патот Скопје – Блаце ќе се вози за Нова година

Системските измени на регулативата кои беа направени неодамна, а кои се однесуваат на проектите од стратешко значење, меѓу нив и автопатите, придонесоа патиштата сега да се градат побрзо и поефикасно, смета стручната јавност.

Еден од нив е и Андреа Серафимовски од здружението на градежници при Стопанската комора, кој доаѓа од АД Гранит, кој во емисијата 24 анализа истакна дека иако патот Скопје – Блаце ги имал речиси истите проблеми како и автопатот Кичево – Охрид, благодарение на новите закони и новиот пристап на градење, сите проблеми многу побрзо се надминуваат и дека оваа делница ќе биде готова до први јануари 2024 година.

YouTube player

„Во моментов се гради Блаце-Скопје, првите 2 километри, верувајте дека проблемите од Кичево Охрид се пресликани таму, но таму нема да се гради 10 години, таму за Нова година сега ќе го возиме патот и верувајте дека 3 до 4 пати побрзо ги решивме проблемите, затоа што сега и ЈПДП и Министерството и надзорите и изведувачите го знаат најкраткиот пат за решавање. Условите се обезбедени бидејќи е изменета регулативата имаме начини за решавање на проблемите. Значи, имаме одма едно позитивно искуство, тоа е проектот за Блаце кој што е многу комплексен и не беше далеку од оние проблеми што ги има Кичево, но тој за Нова година ќе се вози и мораме веќе да ги користиме бенефитите од овој сектор, и да престенеме да зборуваме за неуспеси, туку ќе почнеме да славиме успеси“ порача Серафимовски.

Ист став има и деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, кој смета дека треба да се напушти концептот на градење што државата го практикува веќе 30 години и каде постојано се повторуваат истите проблеми.

Тој посочи дека со законските измени со кои се овозможи во реално време да се врши проектирање и градење на објекти од стратешко значење не само што ќе се забрза нивната изградба, туку и ќе го подигне квалитетот на изведба на проектите, без трошоците за лошото проектирање да бидат на товар на државата.

Патот Скопје – Блаце кој го поврзува главниот град со соседно Косово е еден од поважните патни правци, а изведувањето на проектот започна во мај 2020 година.

Извор: 24инфо

Latest Posts

Не пропуштај