More

    Дескоска vs. Лога за оценката на ЕУ за судството: Аларм за одговорност или законски измени пишувани во темнина

    „Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е “свидетелство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници,  следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас“, напиша професоркатата и поранешна министерка а правда, Ренат Дескоска, на својот Фејзбук профил.

    Дескоска посочи дека алармот околу оценката „нема напредок’ во судството од ЕУ, треба да го вклучи и Министерството за правда и Судскиот совет, со барање на решенија, а не „префрлање на топката на одговорност“.

    „Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне.

    Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!“, пишува Дескоска.

    Како реакција на постот на Дескоска, министерот за правда, Кренар Лога, пак, на својот Фејсбук профил, напиша: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата. O TEMPORA, O MORES!, тагирајќи: професорка, правда, Македонија.

    Извор: Цивилмедиа.мк

    Exit mobile version