Последни написи

За една година трошоците за живот зголемени за 3,5%, платите и пензиите се зголемиле за 14%

Државниот завод за статистика денеска ги објави податоците за Индексите за трошоците за живот и цените на мало.

Споредено со месец септември, трошоците на животот се намалиле за 1,5% додека кај цените на мало има намалување од 0.6 проценти.

Сепак споредено со октомври минатата година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека цените на мало за 3,4%.

Но, овој раст на цените и трошоците за живот е далеку понизок од растот на платите и пензиите во речиси истиот период.

Според официјалните податоци, просечната плата во август оваа година е зголемена за 14,2 отсто во споредба со истиот месец лани.

Слично е и со пензиите. Пензионерите во октомври оваа година, имаат за 13,7 отсто повисоки пензии поради двете зголемувања во март и септември оваа година.

Веќе неколку месеци растот на платите и пензиите ја надминува инфлацијата, што според економистите е добар знак дека се случува економско заздравување.

На таков став е и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој неодамна рече дека „се додека растот на платите е подобар од инфлацијата тоа е добар параметар дека следната година ќе дојдеме во нормала“.

Ваквите трендови во економијата, сепак не ја одвраќаат Владата од креирање и реализација на нови мерки за поддршка за граѓаните, а новиот пакет антикризни мерки според денешните најави ќе биде објавен следната недела.

Извор: 24инфо

Latest Posts

Не пропуштај