Последни написи

Оската Русија – Хамас: Испорака на оружје, пропаганда, јавна благодарност и редовни посети на Москва

И покрај јавното декларирање како активен партиципант во борбата против тероризмот, Кремљ одржува блиски врски со терористичките организации со децении, користејќи ги за создавање зони на нестабилност ширум светот. Историјата на официјалните контакти меѓу Кремљ и Хамас датира речиси 20 години.
Хамас ја презеде власта во Појасот Газа по палестинските избори во 2006 година (првите избори во палестинската автономија беа одржани во 1996 година). И покрај добриот изборен резултат (Хамас беше 4% пред Фатах), Хамас сепак одлучи да не игра игри на парламентаризам и избра да започне граѓанска војна во Палестина во јуни 2007 година. Како резултат, Хамас ја презеде власта во Газа, уништувајќи ги противниците што ги претставуваат другите Палестински политички сили. Западниот брег на Јордан и понатаму е под контрола на партијата Фатах. Членовите и поддржувачите на Фатах беа принудени да избегаат од Газа: милитантите на Хамас не само што ги убиваа противниците, туку и ги киднапираа и осакатуваа, им ги ампутираа екстремитетите и ги снимаа тортурите на видео.

Угледот на садисти и терористи (Хамас е признат како терористичка организација во САД, ЕУ и Израел) никогаш не ја спречи организацијата да воспостави блиски односи со Кремљ, пренесува Укринформ според анализата на Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност. Иако во 1990-тите и раните 2000-ти, Русија јавно ги осуди злосторствата на организацијата. Москва дури ги означи акциите на групата како терористички. На 23 март 2004 година, Михаил Маргелов, претседател на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Федерацијата, коментирајќи ја ликвидацијата на водачот на Хамас, Шеик Јасин, ја нарече организацијата како „терористичка група“.

Пропагандните публикации повлекоа директна паралела помеѓу ликвидацијата на Јасин и обидот на руските разузнавачки служби врз еден од водачите на чеченското ослободително движење, Зелимхан Јандарбиев, во Катар во февруари 2004 година. Двете убиства беа споредени за да се оправда руската практика на политички атентати.

На 31 август 2004 година, руското Министерство за надворешни работи го осуди нападот на бомбаш самоубиец на Хамас на аеродромот Беер Шева, во кој загинаа 17 лица. Москва тогаш нападот го нарече „варварски напад од екстремисти“ и изрази уверување дека „никакви политички цели не можат да се постигнат со насилство и терор“.

Реториката се промени во 2006 година: Путин прво јавно изјави дека Русија „никогаш не го признала Хамас како терористичка организација“ и повика на „почитување на изборот на палестинскиот народ“.

Русите во 2004 година ја отворија Калинка, руски културен центар во Газа. На чело е внукот на Евгениј Примаков, поранешен шеф на Надворешната разузнавачка служба на Русија и Централната разузнавачка служба на СССР.

Рускиот конзулат во Палестина работи во Рамала, на западниот брег на реката Јордан, кој е под контрола на Фатах, жесток непријател на Хамас. Сепак, руските дипломати слободно патуваат од Рамала до Газа и назад.

Од 2006 година, претставници на руското Министерство за надворешни работи и на претседателската администрација одржуваат состаноци со членовите на највисокото раководство – Политбирото на Хамас.

Во март 2006 година, шефот на Политбирото, Калед Машал, ја посети Москва.

Во 2010 година, тогашниот номинален претседател на Русија, Медведев се сретна со Калед Машал.

Хамас доби руско оружје преку Иран и режимот на Башар ал Асад во Сирија: противтенковски комплекси Корнет. Овие земји, исто така, му дадоа на Хамас ракети и технологија за да ги оспособат да го гранатираат Израел.

Но, во 2011 година, Хамас ги поддржа противниците на Асад во Сирија. Борците на Хамас почнаа да се борат на страната на сунитската опозиција против Асад, па дури и се судрија во Сирија со либанскиот Хезболах, група која исто така е финансирана од Иран и редовно го напаѓа Израел.

Русија во 2015 година отворено интервенираше во војната во Сирија на страната на Асад и ги нарече неговите противници терористи, изедначувајќи ги сите опозициски групи и ИСИС. Но и во тоа време руското МНР даде одделни изјави дека Москва не го смета Хамас за терористи.

Посетите на лидерите на Хамас на Русија продолжија. Заменик-шефот на Политбирото Муса Абу Марзук се сретна со Лавров на 16 јануари 2017 година во главниот град на Русија. Следниот состанок се одржа во јули 2019 година.

Во мај 2022 година, делегација на Хамас се сретна со Лавров и со рускиот лидер на Чеченија, Кадиров. Внатре во Русија за оваа средба особено не се пишуваше, за неа претежно пишуваа арапските медиуми.

Во септември истата година, шефот на Политбирото на Хамас, Исмаил Ханије, повторно ја посети Москва и оствари средби со Лавров и со специјалниот претставник на претседателот на Русија за Блискиот Исток, Михаил Богданов.

Како што објави Цивил Медиа, меѓусебната помош и поддршката меѓу Хамас и Русија е сé повеќе очигледна. На 26 октомври 2023 година делегација на милитантната група Хамас предводена од политичкиот лидер на Хамас Абу Марзук  повторно ја посети Москва за да разговара за ситуацијата во Појасот Газа,  за што објавија руските про- владини агенции, РИА Новости и ТАСС, каде се разговараше со руските дипломати кои ги нагласија напорите на Москва да го прошири своето влијание како моќен посредник во последната војна меѓу Израел и Хамас. Фотографијата од средбата со Михаил Богданов ја објави прес-службата на Хамас.

Руските власти и државните медиуми не објавија кој комуницирал со гостите тогаш. Израел ги критикуваше постапките на Москва, нарекувајќи ги „гаден чекор“ што „дава фер ветер на теророт и легитимизирање на злосторствата на терористите“.

По нападот врз Израел и во пресрет на нивната посета на Москва, лидерите на Хамас двапати јавно им се заблагодарија на Русија и лично на Путин за нивната поддршка и „позиција“.

И поранешниот лидер на Хамас, Калед Машал ја призна соработката на терористичката Хамас со Русија. Во неговото обраќање до исламистите во Керала тој зборува за тоа колку Русија и Кина се среќни со нападот врз Израел.

Во видеото што на мрежата Икс го објави Вишеград 24, тој вели дека Русија е благодарна што Хамас го одвлече вниманието на Америка од Украина и дека Кина подготвува нешто за Тајван.

За ваша информација, Русија имаше бенефит од нашиот напад ( врз Израел на 7 октомври), бидејќи им го одвлековме вниманието од нив и од Украина, рече поранешниот лидер на Хамас и додаде дека Кина го гледа ( нападот на Хамас) како светол пример.

Русите ни рекоа дека тоа што се случи на 7 октомври ќе се изучува на воените академии, се пофали Машал.

Русија го користи терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа најмалку 1.033 цивили, а 233 лица беа земени како заложници, за да предизвика нови конфликти.

И покрај отворената поддршка за Хамас, руските пропагандисти ја користат терористичката организација за свои цели во пропагандните активности поврзани со руската агресија врз Украина. Откако Хамас го нападна Израел, пропагандистите на Кремљ ја интензивираа својата информативна кампања во оваа насока во обид да го дискредитира Кијив., преку споделување лажно видео во кое се тврди дека оружјето што го користеле терористите на Хамас наводно  било пренесено од Украина, а истото Украина го добила од НАТО, додека, според украинското воено разузнавање, Русија го префрла оружјето од западното производство, заробено во Украина на своите партнери на Блискиот исток, екстремистичката организација Хамас.

Пропагандата на Кремљ се обидува да го скара Израел со Украина и се обидува да ги сврти муслиманите од Украина и светот против украинската држава и власти, шпекулирајќи за фактот дека Кијив изразил солидарност со Израел и граѓаните на оваа држава кои биле подложени на терористички напад.

Украинската влада, за разлика од руската, никогаш не одржувала никакви контакти со Хамас и не го доведува во прашање правото на Израел на самоодбрана.

Во однос на долгогодишниот конфликт на Блискиот Исток, Украина постојано се залагаше за спроведување на принципот на две држави, Израел и Палестина, но терористите не можат да бидат легитимни претставници на Палестинците и актер на меѓународните односи.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај