Последни написи

Русите фабрикуваат лажно видео дека украински војници се регрутираат во израелските одбранбени сили

На Јутјуб кружи лажно промотивно видео, на кое се гледа војник во униформа на израелските одбранбени сили (ИДФ) кој ги повикува украинските воини да се приклучат на ИДФ. Тој тврди дека наводно бил украински артилериец кој штотуку се вратил од фронтот и се приклучил на ИДФ поради повисоката плата и израелското државјанство.

Се работи за лажно видео. Како што  пренесува Укринформ, оригиналното видео може да се најде на официјалната страница на ТикТок на ИДФ. На него е прикажан војник кој објаснува на кои телефонски броеви треба да се обратат резервистите на ИДФ за мобилизација, а нивните семејства – за психолошка помош.

@idfofficial

״שייטת, שייטת, תישארו בבונקר, אנחנו באים!״ תיעוד נדיר ממצלמות הקסדה של לוחמי הקומנדו הימי בקרב על מוצב סופה. #חרבותברזל #צהל #שייטת13

♬ original sound – צה”ל

 

Авторите на фабрикуваното промотивно видео едноставно додале украински текст и аудио трака на оригиналното видео.

Војникот од видеото нема никаква врска со Украина. Тоа е израелски блогер, Или Барак.

 

Со почетокот на активните непријателства во Појасот Газа, руските пропагандисти почнаа да шират лажни вести поврзани со Украина и државата Израел.

Меѓу другото, Русите фабрикуваа видео за Украинците кои наводно нарачуваат рекламна кампања на Менхетн против помош на САД за Израел, израелските тенкови во Газа ги „накитија“ со руски симболи, а западното оружје од Украина го „донираа“ на милитантите на Хамас.

Извор: ЦивилМедиа

 

Latest Posts

Не пропуштај