More

    (ВИДЕО) Селмани: Инцидентот во Канал 5 не ме чуди, медиумскиот простор сѐ уште служи како огласна табла на партиите

    Во Отворено студио на ЦИВИЛ, на тема инцидентот каде што директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, за да му каже на гостинот Исмет Рамадани, актуелен советник во владата да ја напушти емисијата, зборуваше новинарот и поранешен претседател Насер Селмани.

    YouTube player

    „Не само што не се растура тој систем на контрола, кој што владее во медиумите, туку се зајакнува, се етаблира, се носат нови закони, им се даваат повеќе можности на вакви неодговорни луѓе во медиумите да продолжат да го прават, ова што го прават. Затоа што идејата на партиите не е медиумите да служат на граѓаните, дуку да служат на нивните интересии. Овие телевизии ја создаваат приказната -сите антимакеоднски наративи, на пример дека не треба да влеземе во ЕУ, ги шират овие медиуми“, истакна Селмани.

    „Не ме чуди инцидентот, затоа што тоа е телевизијата што во прислушуваните разговори, сопственикот се нудеше на Мијалков да ја исклучи струјата, телевизија чиј директор јавно се извинуваше на министер, по смена на власта, дека се однесувале непрофесионално, ама биле принудени така да се однесуваат“, вели Селмани, истакнувајќи дека ништо во медиумите не е сменето и дека медиумскиот систем уште служи како огласна табла на партиите.

    Извор: ЦивилМедиа

    Exit mobile version