Последни написи

Шкријељ: Со новото законско решение ќе инкорпорираме одредби коишто ќе значат воведување на политика на казнивост во нашата држава

„Самото министерство за правда и министерот веќе најавија дека во завршна фаза е нов кривичен законик. Сите се сложни дека одредбата на спорниот член 353 таков како што беше не беше добро формулиран. Тогаш во новото законско решение во новиот кривичен законик можеме да видиме и да инкорпорираме одредби коишто навистина ќе значат конечно воведување на политика на казнивост во нашата држава, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.
Таа додаде дека нејзин личен став е не смее да има политика на неказнивост.
„Мора да работиме на подобрување на ефикасноста и ефективноста на правосудниот систем. Мора конечно да зборуваме за индивидуална одговорност со име и презиме. Точно мора да се знае кои се имињата на судиите коишто ги држеле предметите толку долго во фиока за да стигнат до фаза да можат да може да се случи да застарат. Драго ми е што министерот за правда најави реформа во судскиот совет затоа што истиот е една од тие инстанци кои треба да го следат постапувањето на судовите“, заклучи Шкријељ.

Извор: ТВ21

Latest Posts

Не пропуштај