Последни написи

Претставникот на земјата агресор, Русија, со небулозни и контрадикторни изјави дели лекции во ОН

Ќе беше смешно да не беше трагично. Рускиот претставник со небулозни и контрадикторни изјави во ОН се посипа со пепел.

Како што објави Некста на својата сметка на Икс, постојаниот претставник на Русија во ОН, Небензја за време на 10-тата итна специјална седница рече дека Израел нема право на самоодбрана бидејќи е окупаторска земја.

 

Ова го изјави претставникот на земјата агресор, Русија, која на 24 февруари 2022 година изврши непредизвикана целосна воена агресија врз соседната независна држава Украина, и се уште под окупација држи 1/5 од нејзината територија. Сето тоа проследено со секојдневни бомбартирања на цивилни цели, унишување на цивилната структура, воени злосторства, убиени, киднапирани цивили, меѓу кои голем број жени и деца.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај