More

    Царинската управа со 28 проекти вредни 36,4 милиони евра од ИПА фондовите: Што се реализирало, а што ќе се реализира во иднина?

    Царинската управа со години наназад успешно го користела инструментот за претпристапна финансиска помош за земјите кандидати за членки на ЕУ, односно ИПА фондовите, со цел модернизација, развој на инситуционалните и административните капацитети и воведување на нови, современи техники за спроведување на царинското законодавство, и како што откриваат од управата, од почетокот на примената на ИПА фондовите, до сега во Царинската управа биле реализирани, започнати и планирани 28 проекти со вкупна вредност од 36,4 милиони евра. Од нив целосно реализирани биле 17 проекти со вредност од 19,3 милиони евра, во тек биле 5 проекти со вредност од 7, 2 милиони евра, а планирани за реализација биле 6 проекти со вредност од 9,9 милиони евра.

    Од Царинската управа појаснуваат дека првиот програмски период за ИПА бил воспоставен за период од 7 години, односно за 2007-2013 година. Тогаш биле реализирани неколку проекти за унапредување на царинскиот ИТ систем, зајакнување на гранични контроли со истовремено олеснување на легитимното прекугранично движење на патници и стока, зајакнување на капацитетите за борба против измами и корупција, и други активности во согласност со законодавтсвото во ЕУ во обалста Царина.Потоа, од 2012 до 2014 година бил спроведен проектот „Зајакнување на капацитетите на Царинската управа“ со што се одобриле 2,7 милиони евра со цел развој на оперативниот капацитет на управата согласно стандардите на ЕУ во клучните царински и даночни области на Царинската тарифа на Европската унија и обезбедување целосна компатибилност и интероперабилност на царинските ИТ системи со соодветните системи за царината на ЕУ.

    Проектот значел имплементирање на следните системи – тарифниот систем на ЕУ, задолжителни тарифни информации на ЕУ, распределба на царински квоти, надзор на стоки, како и на Европскиот царински систем за попис на хемиски супстанци. Се набавила соодветна компјутерска опрема, се вовел бизнис концепт „Интегрирана тарифна околина (ИТО)”, со цел приближување кон Заедничкиот европски пазар и Царинската унија на ЕУ, со цел поедноставен, побрз и потранспарентен пристап до информации.

    Потоа, на 1-ви јули 2015 година станавме дел од транзитниот систем на Европската Унија, како резултат на успешно спроведениот ИПА проект „Интероперабилност на ИТ системите на Царинската управа со царинските ИТ системи на ЕУ”-појаснуваат од управата. Од 2015 до 2016 година се спровел и проектот „Зајакнување на капацитетот на Царинската управа за спроведување на царинското и акцизното законодавство“. Истиот период бил реализиран и проект за техничка помош за тестирање на функционалностите и интерконективноста на царинските ИТ системи. Потсетуваат и на подобрените услови за работа на граничните премини Табановце и Ќафасан, каде преку три проекти финансирани од ИПА Фондови се инвестирале 3,53 милиони евра во период од 2016 до 2019 година.Нов терминал на Ќавафасан од 9.500 метри квадратни и проширување на терминалот на Табановце за 4.000 метри квадратни, како и изградба на две коловозни ленти, допринело за забрзување и олеснување на транспортот и стоковата размена. Се започнало и со спроведување на проектот „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“, но истиот во моментот бил во прекин поради проблеми од правен и финансиски аспект на консултанстката компанија преку која се спроведувале активностите.

    Во 2020 и 2021 година биле набавени шест возила за пренос на царински кучиња, како и мобилен скенер за големи возила и контејнери, преку проектот „Набавка за подобрување на капацитетите за контрола на царината“. Сега во тек бил проект за „Подобрување на наплатата на приходите и даночните и царинските прописи“ (Twinning – ИПА 2), со што ќе се овозможело поквалитетно управување со јавните финасии, подобрени оперативни и административни капацитети на институциите учесници, поедноставени царински и даночни постапки, како и подобрен квалитетот на даночните и царинските услуги. Исто така, во тек бил и проект со вредност од 1.6 милиони евра, со кој ќе се зајакнат оперативните капацитети за наплата на деловните процеси преку модернизирање на царинските информациски и комуникациски систем (хардвер, софтвер и техничка поддршка за обезбедување квалитет и имплементација).

    Потсетуваат и на проектот „We Cross Borders“ со вредност од 700 илјади евра, со цел модернизација и осовременување на граничните премини Богородица и Дојран, која ќе придонесе кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини. Од Царинската управа посочуваат дека во континуитет се преземаат активности за продлабочување на регионалната и меѓународна соработка, следејќи го патот на пристапување во Европската Унија. Како дел од овие активности биле и тековните проекти кои се реализираат преку ЕУ фондови за реконструкција на граничниот премин Делчево, изградба на нов граничен премин Маркова нога со Грција и нов граничен премин Клепало, со Бугарија.-Дел од стратешките определби и приоритети на Царинската управа е градење на царинска политика согласно законите, стандардите и најдобрите пракси на Европската Унија. Навремената и ефикасна имплементација на европските регулативи и системи на национално ниво, а особено директната интерконекција со централните европски системи, е значајно за нас како држава, но пред сеU е значајно за домашните компании при нивното учество на пазарите на ЕУ, бидејќи дава предвидливост, влијае на забрзување на процедурите и истовремено намалување на трошоците-истакнаа од управата.

    Извор: Фокус

    Exit mobile version