Последни написи

Ставот и гласот на Европеизација во С. Македонија

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ 

Го слушнав Бојан Маричиќ на „Телма“ пред некоја ден, па вака си велам: формално гледано, судија или „јавен тужител“ може да биде секој што положил правосуден испит. Формата, на некој необичен начин, на правникот му е блиска и важна како и на уметникот, затоа што зборчето „како“ на разни начини го одредува и она зборче кое означува „што“. Потоа, гледајќи ја силната биографија на Бојан Маричиќ, би рекле дека исполнувањето на формалните услови е само преттекст, потврда дека некој може да биде вицепремиер за Европски прашања. А за навистина некој тоа да биде, потребно е многу повеќе: посветеност за владеење на правото го има секој човек со самото тоа што е роден меѓу луѓето.

А знам и уште нешто: законот и правниот поредок не се и не смеат да бидат алатки за ограничување на човековите права – освен оние „права“ кои ги загрозуваат другите луѓе. Откако го знам Бојан Маричиќ, и откако го знам неговиот ангажман, знам дека овој човек сиот труд го вложува за оние луѓе на кои одбрана им е потребна. Тоа не се сторителите – како што тоа е во описот на „класичната адвокатска работа“ – туку на малцинствата и, ако сакате, ги афирмира и брани жртвите. Оние кои се подложни на репресија, поточно, на оние кои треба да им се афирмираат малцинските права.

Го гледам на интервјуто „како“ и со „што“ се обидува да му објасни на новинарот (така ли денес се нарекуваат водителите на политичките емисии?) дека има неотуѓиво право, ама и морална обврска, да направи сè што е во негова моќ, земјата навистина да биде „земја за нас, за све наше људе“/ „овој је куќа за нас, за сву нашу децу“, како што своевремено пееше бесмртниот бенд ЕКВ.

Во злобни времиња, во времиња на институционално зло, ваков ангажман на луѓето им носи многу повеќе непријатели одошто пријатели. Или можеби не е така, можеби едноставно непријателите се агресивни, забревтани и сеприсутни, додека почитувачите често се тивки, повлечени и уплашени. Затоа овој храбар човек (а мој другар и соборец, да, со гордост ова го кажувам!) отсекогаш беше глас за оние луѓе кои си мрмлаат себеси во брадата; Бојан отсекогаш го зборува она кое другите го мислат – дури и ако се осмелат –  обидувајќи се тоа да не им се примети…

И затоа овој правник по вокација, а не по професија, сосема разбирливо на себе си го навлече бесот на националистичкиот (не)сој, свесен дека некој тоа мора да го преземе на себе, ако сакаме како општество и заедница да имаме некоја шанса да не бидеме означени како место на трајна срамота и морален бродолом, место во кое сите молчат – ако не и гласно го одобруваат – додека надвор, во не така далечно време – летаа глави, додека „гореа“ градови, додека луѓето ги злоставуваа заради тоа што се, или што некој мисли дека се баш тоа.

Срчан и борбен (посветен и грижлив), полемички расположен, ама без омраза за оние кои мислат поинаку; шармантен, благ и паметен (позади кулисите весел и духовит), Бојан Маричиќ е едно од репрезентативните лица на една подобра Македонија, и онаа која е вистинска и возможна; таква Македонија се гради со оние средства кои на сите нам ни се блиски и примерни, и од таквиот напор никогаш не се уморува, негрижејќи се за препреките и вечното враќање на исто; исто така неоптеретен од фабрикуваната омраза која е насочена кон него.

Што би можел, слушајќи го на „Телма“, како важна фуснота да одвојам? Па, да речеме оваа: „Ќе дојде момент кога навистина опозицијата ќе треба да одговори, дали навистина сакаме самите да се блокираме и останеме во тунелот на неопределено време, да ја смениме категоријата на држава во која се наоѓаме. Ние сме сега во категорија на држави кои што преговараат со ЕУ, такви се Србија, Црна Гора, ние и Албанија. Ние со недонесување на оваа одлука многу скоро во декември може да се најдеме во категорија на држави кои што имаат блокиран европски пат како што се Косово и БИХ, држави кои што имаат сериозни системски проблеми и држави кои што не се знае дали и кога ќе станат членки на ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе преовлада разумот, убеден сум дека уште сега дека дел од пратениците на опозицијата ќе ја сфатат тежината на одговорност што ја носиме сите и ќе ја донесеме оваа одлука заеднички затоа што придобивките ќе бидат за сите граѓани“.

Погодувате и сами за што станува збор? За оние малцински народи за кои устата на сите ни фати пена. Или ќе испливаме, или ќе се удавиме сите заедно. Таква е судбината на сите мали држави со мала култура. Политичките контексти им се како и распоредот на возовите: кој влезе – влезе; кој не – се гледаме на промаја помеѓу станиците. И секој со два грама памет знае дека на промаја можеби едно време ќе ни биде и пријатно, ама нема да помине долго време кога нешто ќе ве фркне во слабините.

Има една добро скриена тајна, која не е само важна за Маричиќ, туку е тајна и за сите нас: ние, неговите пријатели и соборци, константно трагаме за една подобра и европска Македонија. Во пркос на сè, Бојан и сите ние сме веќе побединици. Верувам дека нашата Македонија ќе надвладее, ама не така, онака сувопарното и глупавото „ќе надвладее“ – туку ќе победи онаа Македонија како земја за сите нас.

Северна Македонија како земја за сите наши деца.

Извор: Фронтлајн

Latest Posts

Не пропуштај