Последни написи

Рамадани: Руско-бугарски структури во ВМРО-ДПМНЕ се против членство на Македонија во ЕУ

Руско-бугарски структури во опозициската ВМРО-ДПМНЕ работат за да не поминат уставните измени и Македонија да смени дискурс и да биде далеку од ЕУ, рече претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека во земјава има партии кои работат на тоа државата да се движи кон ЕУ и евроатлантските вредности, но има и партии, како ВМРО-ДПМНЕ, кои декларативно се определени прозападно, но потезите кои ги прават не придонесуваат кон тоа да бидеме членка на ЕУ.

„Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е индикативно. Со самиот факт дека си прават пречки самите, повикувајќи се на некоја македонштина што е недостижна за другите, се однесуваат така што на крајот и се очекува нивно вето и тие да бидат кочничари и да не искористиме уште еден момент“ рече Рамадани.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека уставните измени се единствениот услов за да продолжат преговорите, но и покрај тоа повторуваат дека нема да гласаат за уставните измени.

Извор: Канал5

Latest Posts

Не пропуштај