Проектот „Пластичен оркестар“ – Движење за ослободување на училиштата од пластика на невладиното здружение „Пријатели на образованието“ и ООУ „Живко Брајковски“ од скопската општина Бутел ја доби престижната Награда за интеркултурни достигнувања (The Intercultural Achievement Award – IAA), што ја доделува Министерството за надворешни работи на Австрија.
