More

    Битиќи: Треба да им се помогне на најранливите категории на граѓани пред празниците

    „Антикризните мерки се повеќе за помош за потребите на најранливите категории на граѓани, но сепак има мерки и за реалниот сектор. Во финални подготовки сме за модалитетите на имплементација, а во финални подготовки сме и за буџетот за следната година, каде предвидуваме и нови антикризни мерки“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во утринската програма на МТВ.

    Тој додаде дека најголема потреба од мерки има за пензионерите, каде што се помага и со реформите во пензискиот фонд, односно новата методологија за усогласување на пензиите, но поради продолежанта економска криза потребни се и дополнителни мерки.

    „Затоа сметам деак поголем дел од мерките ќе отидат за пензионерите. Но и за другите целни групи. Имаме предвид дека мерките мора да го имаат сегментот на солидарност и да бидат правични“ рече Битиќи.

    Вицепремиерот рече дека на најранливите категории треба да им се помогне пред празниците и дека се прават анализи за гарантираните цени на производите.

    „Ги слеиме состојбите и реакциите доаѓаат и од самите трговци. Побараа да се укине забраната за акции на производи, бидејќи тоа им дозволува да се поевтинат производите. Тоа ни покажува дека бевме во право кога велевме дека има вештачко подигнување на цените, бидејќи сега може да се прави акција и на производи со гарантирани цени“ рече Битиќи.

    Exit mobile version