Последни написи

ОБЈАВЕНО ВИДЕО: Русите со тенкови тргнале во напад, но не поминале баш најдобро

Украинската војска погодила конвој руски воени возила кој се пробивал низ земјата, покажуваат новите снимки објавени на социјалните мрежи, додека војната целосно преминува во сè потешки зимски услови.

Снимката споделена од Министерството за одбрана на Украина покажува нешто што изгледа како повеќе возила што се движат низ украинските села.

Видеото најверојатно е снимено од украински дрон. Се гледаат бројни удари на тенковите пред возилата да ја напуштат формацијата. Повеќе војници ги напуштаат тенковите и се обидуваат да избегаат од местото што е можно побрзо.

Украинската војска соопшти дека руски тенкови се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана околу градот Краснохоривка во областа Доњецк, северно од градот Маринка, каде што се водат жестоки судири.

На социјалните мрежи се разви дебата за тоа кога е снимено видеото, особено што некои тврдат дека на видеото се гледаат тенкови како оставаат траги во снег. Според нив, тоа значи дека видеото е направено одамна, бидејќи температурите во Краснохоривка деновиве се и над 20 степени.

NOELreports, профил на Твитер кој ја следи ситуацијата во војната, пишува дека тоа е поквалитетна снимка од настанот од пред една недела. Температурите во Краснохоривка кон средината на месецот навистина паднаа под нулата, па се појавија и наводи дека на видеото се гледа мраз.

Извор: Центар

Latest Posts

Не пропуштај