Последни написи

Дописничката на Ал Џазира, Јумна ал Сајед се соочува со закани; повеќе од 30 новинарки и новинари го изгубија животот од 7 до 31 октомври

Јумна Ел Сајед, дописничка на Ал Џезира од Газа, објави дека нејзиното семејство добило закани од израелските сили да го напуштат својот дом во градот Газа. Додека ја раскажуваше својата сторија, во позадина се слушаа силни детонации од континуираното бомбардирање на Газа.

YouTube player

Таа, во изјава во вестите на Ал Џазира, појасни дека повикот го добил нејзиниот сопруг, од приватен број, од лице што се претставило како припадник на израелската војска. Таа го оцени повикот за напуштање на домот, како директна закана по нејзиното семејство, бидејќи улиците во Газа се небезбедни поради постојаното бомбардирање, но и дека само нивното семејство било известено за евентуален напад во областа каде што живеат, додека другите 7 семејства, станари во објектот, не добиле такви повици.

Новинарката Јумна Ел Сајед го доживува овој телефонски повик како директна закана по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.

„Телефонскиот повик што го добивме беше од приватен број. Повикувачот му го дал целото име на мојот сопруг и му рекол дека ‘ова е израелската војска, ние ви велиме да се евакуирате на југ, затоа што во наредните часови ќе биде многу опасно во областа каде што се наоѓате’“, раскажа Ел Сајед.

Таа додава дека од седум други семејства што живеат во станбената зграда, повик од израелската армија добиле само тие, односно, нејзиниот сопруг.

„Сред сето ова бомбардирање, не знам колку би било безбедно да го земеме нашиот автомобил и да заминеме и да возиме. Тоа е многу ризично, воопшто не е безбедно.  Во изминатите денови, гледавме видеа од автомобили кои биле директно таргетирани додека биле на улица и оделе кон југ“, рече новинарката Ал Сајед, додека во позадина се слушаат пукотници…

Војната Израел-Хамас за новинарските екипи се покажа како еден најсмртоносните конфликти во поновата историја. Од 7 до 31 октомрви, повеќе од 30 новинари се убиени, 8 се ранети, а 9 се водат како исчезнати или заробени. Како што соопштува меѓународната организација Комитет за заштита на новинарите, новинарите во Појасот Газа се соочуваат со апсења, притисоци, цензура и закани по нив и по членовите на семејството. Повеќе новинари кои работат во Појасот Газа веќе изгубија членови на нивното семејство.

Подготви: Д. Тахири
Монтажа: Ариан Мехмети 

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај