Претседателот Стево Пендаровски ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, која престојува во посета на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот Пендаровски, на средбата се разговарало за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот.
Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите.
На средбата е разговарано за претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од Европската Унија на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
На средбата биле разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава.